„И ние сме копилиња“, „Не се плашиме од пајакот“ - новинарите протестираа

„И ние сме копилиња“  „Не се плашиме од пајакот“, „дојде живот за пајаците“- вакви пораки на владата и упатија големиот број новинари кои денеска излегоа на протест против напшади, притисоци и цензура, јавува Сител.

Бараат разрешница за случајот во кој функционерот на ДУИ  Бекир Асани јавно му упати закани и навреди на  претседателот на ЗНМ.

На протестот се приклучија и владини функционери и портпароли на дртжавнио институции па новинарите и од нив директно побараа одговори за скандалот.

И вице премиерот Бујар Османи од ДУИ тврди дека неговиот сопартиец Асани нема да биде заштитен од него и владата.

По протестот, Од Основното јавно обвинителство соопштија дека е отворена постапка за расветлување на овој случај.

 

 

 

12.03.2018 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега