Законот за јазици ќе се донесе неделава - амандманите наместо на седница во „корпа"

Законот за јазиците ќе биде донесен до крајот на оваа недела, најави денеска премиерот Заев, јави Сител.

Тајмингот на Заев комплетно се совпаѓа со рокот од една недела кој го даде Талат Џафери и ја потврдува најавата на ДУИ дека амандманите на ВМРО-ДПМНЕ наместо на седница, ќе завршат во корпа за отпадоци.

Ваквиот став на Заев доаѓа на само еден ден по понудата за поддршка испратена од опозицискиот лидер
Заев денеска ја одби оваа понуда коментирајќи дека е копија на понудите кои претходно ги даваше Никола Груевски.

Од ДУИ пак, ставот на Мицкоски го коментираат како обид за креирање на меѓуетнички тензии додавајќи дека заедника Влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е многу ризичен потег за соживотот во Македонија

Османи рече дека стравува од можноста дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи реформите за кои е потребно двотретинско мнозинство доколку биде донесен законот за јазиците. Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ги коментираат стравовите на Османи. Уште еднаш го повторија својот став дека законот за јазиците треба да биде повлечен.

За ова законско решение реагираше и меѓународниот фактор. Неколку амбасадори апелираа до Владата да се посвети на реформите важни за приближување кон ЕУ и НАТО потесетувајќи дека Законот за јазици не е дна од нив.

 

 

 

12.03.2018 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега