Видео: Борисов жали, но не се извини

Бугарскиот премиер Бојко Борисов се поклони на жртвите од Холокаустот, изрази големо жалење за депортираните Евреи од Македонија во Треблинка, но не се извини, јавува Сител.

Борисов ја искористи истата формулација, како и во Софија при посетата на Евресјската Синагога за која во бугарската јавност беше критикуван. Борисов сепак е првиот бугарски премиер кој учествувал на одбележување на споменот за жртвите од Холокаустот.

Борисов и македонскиот премиер Заев, како и бопсанскиот претседавач на владата, Звиздиќ денеска го предводеа и маршот на жртвите од музејот на град Сокопје, до тутунскиот комбинат, од каде во 1943 биле депортирани Евреите од Македонија.

Меѓу гостите имаше голкем број претставсници на еврејските заедници од Светот.

Пол Шапиро од Вашигтон, директор на музеите на холакаустот во светот, го оценува како добар чекор кон крајната џел,  учеството на Борисов во одбележувањето на споменот од Холокаустот.

Премиерт Заев пак, потсети дека историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи кон минатото.

Во нацистичкот логор во Треблинка беа депортирани и убиени  7144 Евреи од Македонија.

 

 

 

12.03.2018 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега