Заев и Димитров сакаат достоинствено решение за името, но не зависи се од Македонија

Премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров не сакаат да коментираат што во Скопје ке донесе  Коѕиас, и покрај тоа што грчките медиуми наголемо шпекулираат што се содржи нацрт доворот за името подготвен од грчка страна. Тие не сакаат да навлегуваат во детали на преговарачкиот процес , ниту за тоа дали во пакетот кој ке го понуди Коѕиас  ке се бара промена на уставот, јавува Сител.

Димитров не  прецизираше кога ке пристигне Коѕиас, но објасни дека дека  во моментов се водат консултации. И за министерот е најважно  да се постигне  компромис кој би бил  достоинствен за двете страни.

Позитивно на преговарачкиот процес гледа и полскиот шеф на дипломатијата, но и тој се согласува дека решението не смее да задира во  македонскиот државен идентитет.

Полска, која е дел од Вишеградската група,  преку низа заеднички проекти  активно ја поддршува о Македонија во нејзиниот пат кон ЕУ.

 

 

 

12.03.2018 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега