Анѓушев не знаел дека финансиска полиција влегла во Антикорупциска

Вицепремиерот Кочо Анѓушев не бил информиран дека финансиска полиција влегла и ја испитува работата на Државната комисија за спречување на корупција. Вели дека тој е заменик премиер само за економија и тоа не е во негова надлежност, пренесе ТВ21.

- „Јас не сум информиран дека било каква полиција влегла во антикорупциска и немам такво сознание и не знам дали е вистина или не е. Мислам, јас сум потпретседател за економија и немам сознанија за тие активности“, вели Анѓушев.

Со влегувањето на финансиската полиција во антикорупциска  извршен е  директен атак врз ова независно тело, изјави за ТВ21 поранешниот член на Државната комисија за спречување на корупција, Ариф Муса.

- „Ова знаете како е, личи дека сакаме нова комисија и се пуштија во решавање со притисок да дадат оставка. Не зборувам за ефикасноста, не ги бранам во тој дел. Значи власта сега се пушти во оваа комисија затоа што сака да го промени составот на комисијата. Апсолутно е тоа така“, вели Муса.

 

 

 

12.03.2018 - 20:39
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега