Кичевчанец нашол граната додека го чистел дворот

Во Полициската станица Кичево вчера се јавил кичевчанец кој пријавил дека нашол граната додека си го чистел дворот од куќата.

Се работи за 57-годишниот Г.Н. кој вчера пријавил дека при чистење на дворот од сопствената куќа пронашол една артилериска граната калибар - 110 мм од Првата светска војна.

Од страна на припадници на Дирекцијата за заштита и спасување пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.

 

 

 

13.03.2018 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега