Камион и автомобил се искршија на патот Битола-Прилеп: Има тешко повредени

Во 12 часот и 30 минути на патниот правец Битола-Прилеп, пред село Тополчани, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило "Мерцедес" со ресенски регистарски ознаки, управувано од страна на 62-годишниот С.В. од Ресен, и товарно моторно возило "МАН" со струмички регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот В.М. од Берово.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола, додека на возачот од товарното возило констатирани му се телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

13.03.2018 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега