Четворица кумановчани нападнале полицаец

Четворица кумановчани си заработија кривична пријава за напад врз службено лице.

Се работи за 42-годишниот З.Г. и 19-годишниот С.Г. како и 37-годишниот А.Г. и 62-годишниот Г.Н. кои во Куманово нападнале полицаец.

Имено, по отпочнување на постапка за подигање со специјално возило на “Мерцедес” сопственост на пријавениот З.Г., паркирано пред гаража, откако претходно пријавените лица одбиле да го отстранат и препаркираат, почнале да се закануваат на УПС а во еден момент и физички го нападнале. Од страна на Истражен судија на З.Г. му е одредена мерка „куќен притвор“ во траење од 30 дена. 

07.09.2013 - 13:57

најчитано сега