Рано е за пролетта: Студен бран доаѓа кон Македонија - температури во минус

Ако мислете дека заврши зимата, веројатно сте се излажале, посебно ако сте еден од оние зимурливите. Метеоролозите најавуваат значително намалување на температурите и нов студен бран кон крајот на месецот.
По прилично топлите денови до крајот на неделата кога се очекуваат и температури до 25 степени студена воздушна маса, ќе ја расипе забавата.
Уште од идниот вторник се најавуваат и првите негативни температури, а верувале или не, во ноќта кон четврток ќе се создадат и првите услови за провејување на снег. Максималните дневни температури ќе достигнат само 8 степени, што значи не си ги пакувајте подебелите јакни и капути.
Сепак студеното време ќе се задржи само идната недела. Во последната од март се чека повторно зголемување на температурите, а она што е важно за земјоделците и крај на периодот во кој постои опасност од мразови.

 

 

 

13.03.2018 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега