На седницата за јазиците ќе се отфрлат сите амандмани од ВМРО-ДПМНЕ

Спикерот на парламентот Талат Џафери на вчерашната координација на која не присуствувал претставник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавил дека на денешната седница ќе се одбијат 36. илјади амандмани на опозицијата, пренесе Независен весник.

Неизвесно е како ВМРО-ДПМНЕ ќе постапи во случај парламентарното мнозинство да реши да ги прескокне нејзините амандмани, со оглед на тоа дека ќе бидат дел од седницата за јазиците.

- „Повикувам уште еднаш на разум. Повикувам уште еднаш на почитување на Деловникот, почитување на законите, бидејќи ова не смее да се дозволи. Лошо ќе влијае врз Република Македонија, за имиџот на Република Македонија и пред меѓународната заедница, но и пред домашната јавност. Затоа уште еднаш за последен пат повикувам на разум. Да се избегне девијантно однесување во парламентот, насилно усвојување на овој закон. Повикувам на почитување на Деловникот, разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, што ВМРО-ДПМНЕ го очекува за време на утрешната седница на Собранието. Сето останато ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и за сите оние што ќе го поддржат во таа постапка“, изјави Мицкоски.

Седницата е закажана за 13 часот.

 

 

 

14.03.2018 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега