Избран в.д. претседател на скопска Апелација

Судијката Лидија Тимчевска е назначена за вршител на должност Претседател на Апелацискиот суд во Скопје. Иако денеска Судскиот совет требаше да избере шеф на овој суд откако и денеска официјално актуелната претседателка Лилјана Шопова отиде во пензија. Судскиот совет одлучи дека вонредно ќе ги оценува пријавените кандидати.

На конкурсот за шеф на Апелација има четири кандидати од скопска Единица. Токму тие беа причината за вонредно оценување со објаснување на дел од членовите на Судскиот совет дека можеби нивните оценки се нереални со оглед на злоупотребите во Кривичниот суд во тој период или рачната распределба на случаи и манипулацијата со АКМИС системот, пренесе Алсат.

 

 

 

14.03.2018 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега