Бошњаковски: Нема генерален недостиг на лекови

Не станува збор за генерален неостиг на лекови во аптеките, туку се работи за недостиг во одреден број аптеки поради сезонски ефект. Тоа е објанувањето на експертите, рече портпаролот на Владата Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на Владата во врска со тврдењата за недостиг на лекови во аптеките по 10-ти во месецот. 

Во одреден период од годината, потенцира Бошњакоски, побарувачката на одредени лекови е поголема од очекуваното, како што е оваа година.

- Тоа е тој ефект што се случува, рече владиниот портпарол, а за подетални информации упати на Фондот за здравствено осигурување ФЗОМ.

 

 

 

14.03.2018 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега