Драма на час во Желино:Наставник му скршил заб на ученик

Околу 01.00 часот, петнаесетгодишен ученик во Основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“ од Желино, заедно со неговиот чичко, 38-годишниот Б.И. пријавиле дека на 13. на час по историја, со рака бил удрен од наставникот.

Според пријавителот, наставникот без причина го удрил по задниот дел од главата, од што малолетникот удрил во клупата и му се скршил еден од предните заби.

Нешто подоцна, повредениот малолетник се обратил за лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа го пријавил случајот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

14.03.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега