Внимавајте кому му отварате врата: Баба од Куманово нападната во домот

Во 21 часот и 50 минути во СВР Куманово, 46-годишниот Д.С. од селото Тромеѓе, кумановско, пријавил дека истиот ден околу 21 часот во куќата на неговата баба, 8-гпдишната А.С. од населба Иго Тричковиќ непознат маскиран сторител извршил разбојништво.

Сторителот тропнал на влезната врата, по што оштетената ја отклучила. Во тој момент, тој физички ја нападнал удирајќи ја со раце, по што и одзел паричник во кој имало 2.700 денари и лични документи.

После тоа, сторителот побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

14.03.2018 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега