Гаши се пофали дека гласал за Законот за јазици - собраниските служби велат не гласал

Африм Гаши вчера се пофали на социјалните мрежи дека гласал за Законот за јазиците и упати честитки, но според собраниските служби тој е меѓу пратениците кои не го дале својот глас за овој закон.

- „Денес заедно со парламентарното мнозинство го усвоивме Законот за употреба на јазиците. Иако сме кажале дека овој закон не ја заокружува официјализацијата на Албанскиот јазик, Движењето БЕСА со своите 5 гласа ја овозможи бројката од 64 за да може законот да помине.  Честитки за ова унапредување, со желба дека во иднина ќе се направи целосна официјализација“, напиша претседателот на БЕСА по усвојувањето на Законот кое помина во тензична атмосфера.

 

 

 

15.03.2018 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега