Османи на средба за подготовка на заедничка владина седница со Косово

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на координатор на македонската Влада за организација на заедничката владина седница со Косово, денеска ќе оствари средба со заменик претседателот на Владата на Република Косово, Енвер Хоџај.

Средбата, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, е во насока на подготовка за претстојната заедничка владина седница на двете земји, на која се очекува да се потпишат повеќе договори за меѓусебна соработка, како и да се донесат повеќе одлуки околу иницијативи за проектите од интерес на двете земји. 

 

 

 

15.03.2018 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега