На македонскиот пазар чоколади за деца без млеко и какао

Чоколадите за деца на македонскиот пазар воопшто не содржат млеко и какао, иако се така декларирани, соопшти денеска универзитетскиот професор Јадранка Дабовиќ.

Пред почетокот на настанот по повод Светскиот ден на заштитата на потрошувачите во Стопанската комора на Македонија, Дабовиќ изјави дека ова го потврдуваат лабораториските анализи.

- Особено загрижува фактот што и покрај огромните заложби на Агенцијата за храна и ветеринарство, има лабораториски известувања кои кажуваат дека чоколадите наменети за деца на нашиот пазар иако се декларираат дека имаат млеко и како, воопшто го немаат тоа, истакна Дабовиќ.

Според Ката Стојановска од АХВ, годишниот број на претставки од страна на потрошувачите во однос на храната се движи меѓу 300 и 400, но најголем број од претставките се неосновани поради неедуцираноста на купувачите.

- Долго време работевме на едукација на потрошувачите зашто констатиравме дека најголем од претставките се неосновани токму поради неедуцираноста. Стигнавме до позиција каде основаноста на претставките е 60 отсто од вкупно поднесените. Тоа значи дека граѓаните се повеќе се интересираат и ја разбираат материјата, истакна Стојановска.

Оваа година бројот на претставки е нешто поголем, а лани, по пријава на граѓани се уништени 4.000 килограми храна. Сепак, Стојановска уверува дека македонските граѓани јадат безбедна храна. 

 

 

 

15.03.2018 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега