Водата во неколку села во Македонија бактеролошки неисправна вода за пиење

Селските водоводи во Долна Грешница, Горна Грешница и Букојчании, како и крајпатните чешми кај разделната градба во село Другово и на превојот Стража, имаат бактериолошки неисправна вода за пиење, покажаа последните анализи на Центарот за јавно здравје.

Водата, освен за пиење, не смее да се употребува ниту во домаќинството.

Според раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Кичево Сузана Тасевска, обилните врнежи дожд се највероватниот причинител на загадувањето.

– Примероците вода од градскиот водовод одговараат на Правилникот за безбедност поради што и таа вода може без проблеми да се користи за пиење и приготвување храна, иако во кус период имаше заматување, изјави Тасевска.

 

 

 

15.03.2018 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега