Мухиќ: Апсолутно гласав за Законот за јазиците, ова е за доброто на граѓаните на Македонија

Независниот пратеник од владејачката коалиција Ферид Мухиќ кажа дека вчера гласал „за“ за Законот за употреба на јазиците, обраќајќи се процедурално на почетокот на денешната собраниска седница, иако на листот стои дека не гласал.

„Го притиснав копчето, не знам како, остана нерегистрирано. Апсолутно сум гласал, како и што се гледа при гласањето на немнозинските пратеници дека сум кренал рака. Овој закон е уставен и исправен и за доброто на граѓаните на Република Македонија“, кажа Мухиќ, пренсе Сакамдакажам.

Џафери му одговори дека е можно да изминало времето за гласање, бидејќи, како што кажа, во моментот на гласање, технички не може никој да влијае.

 

 

 

15.03.2018 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега