Туфегчиќ: Го поддржав Законот за јазици со две гласања, за третото се изјаснив на пленарната седница

Пратеничка на владејачката партија СДСМ и поранешна пленумка, Ивана Туфчеиќ за Фокус изјави дека не сака да коментира зошто не гласала вчера за Законот за употреба на јазиците, кој беше донесен без амандманска расправа.

-Јас моето мислење и поддршка по однос на Законот за јазиците го искажував и на говорница и со две гласања. За друго, сметам дека вчера се изјаснив на пленарната седница и оттука не чувствувам потреба дополнително да коментирам – изјави таа за „Фокус“.

Освен Туфегчиќ, за Законот за јазиците вчера својот глас не го дадоа ниту трите пратенички на СДСМ Лилијана Поповска, Маја Морачанин и Тања Ковачев.

 

 

 

15.03.2018 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега