Адеми: Дај да гласаме против измените на Законот за пушење

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, ги повика пратениците од владејачката коалиција да гласаат против измените на Законот за заштита од пушењето.

-Доколку гласате „за“ за брзо време ќе бидеме приморани овие одредби да ги укинеме. Знам дека повеќе сте пушачи од непушачи, но не е до бројките. Да ви укажам дека правото да го загрозиш сопствениот живот е лично, ама да му го загрозиш животот и на тој што седи до тебе живее до тебе и работи со тебе.. Не е до законот, не е до правниот аспект, туку е до стандардите, вредностите, зошто да не и од моралот. Ви се обраќам со надеж дека ќе гласате против овие измени, ќе гласате за поздрав живот, поголем ред, поздрава средина. Не сум убеден дека ќе ми успее да ве убедам да гласате против, меѓутоа не можам, а да не укажам на овие моменти кои сите вие ги знаете, ги знае и јавноста и тие што прават анализи колку пушењето влијае врз здравјето, колку пушењето влијае врз процентот на заболени од рак. Дај да гласаме против, порача Адеми од говорницата.

 

 

 

15.03.2018 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега