Воспоставен железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија, регионалниот пат се уште блокиран од карпата

Железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија кој беше во прекин поради одрон карпа е воспоставен. Од Железничката станица - Велес информираат дека со механизција на ЈП „Македонски железници - Инфраструктура“ е отстранета карпата и големите парчиња и сообраќајот е воспоставен од 22 часот и 30 минути. 

Товарниот и патничкиот сообраќај е во прекин од 13 март поради одрон на карпа во непосредна близина на Велес кај Долни Дуќани.

Се уште е во прекин сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско поради одрони од карпи што се уште не се исчистени.

Како што информира за МИА портпаролот на Општина Велес Орце Николов тие преземаат мерки да се осигура патот од понатамошно евентуално паѓање на нови карпи.

- И кога ќе се расчисти патот поради несигурниот терен од  карпата Цуцката, постои можност за нови одрони и загрозување на учесниците и пешаците во овој дел од патот. Затоа сега се чека доаѓањето на Комисјата од Дирекцијата за заштита и спасување кои заедно со експерти од Градежниот факултет – отсек Геомеханика  треба да направат геомеханички истражувања,бидејќи има опасност од нови свлекувања на карпата  и нови одрони на карпи, појаснува Николов по дописот што го добила Општина Велес.

 

 

 

15.03.2018 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега