Мухиќ: Се договоривме со пратениците да седиме дома за да не ги иритираме граѓаните

По изгласувањето на законот за јазици, независниот пратеник Ферид Мухиќ за „Макфакс“ вели дека со пратениците се договориле да седат дома и како што вели, да не се движат премногу за да не иритираат.

„Со оглед на тоа што се случи на 27 април, со колегите пратеници се договоривме да седиме дома. Нема да побарам заштита, предраматично е да се размслува и да се зборува за ова. Најлошо е што може да има сериозни елементи, за кои треба да се размисли. Немав заштита изминатата вечер, но се договоривме да не се движиме многу во јавност, за да не иритираме“, вели Мухиќ.

Во текот на минатата вечер, непознати лица го запалиле автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска-Митева. Во текот на ноќта биле регистрирани три инциденти во кои цел биле пратеници од редовите на СДСМ, потврдија од МВР за „Макфакс“. По изгласувањето на законот за употреба на јазиците, поради закани за животот кон пратениците на СДСМ и коалицијата, како и закани на социјалните мрежи, но и за нивните семејства, пратениците се под полициска заштита на МВР.

 

 

 

15.03.2018 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега