СЈО запленило нови 100.000 снимки

Во извештајот за последните шест месеци од СЈО,порака до власта да обезбеди законска гаранција на СЈО испраќа Катица Јанева со новиот шестмесечен извештај.

Отаму соопштија дека се преслушуваат нови 100 000 фајлови кои ги обезбедиле при два претреси.

Меѓу отчетноста за сработеното специјалната обвинителка, во повеќе од три наврати ги потсетува институциите да го решат правниот статус на СЈО и да им ги одврзат рацете за да може да поднесуваат обвиненија.

„Сепак, и покрај изразената подготвеност и упатените укажувања загрижува фактот што во целиот изминат шест месечен период од страна на надлежните институции не се превземени конкретни мерки за изготвување на соодветни законски решенија во утврдената временска рамка, а со кои би се регулирал и на соодветен начин би се решила правната положба на Специјалното јавно обвинителство согласно целите утврдени со Стратегијата“ - изјави Јанева.

Извештајот кој е напишан на 49 страници, обвинителката во наредните денови треба да го образложува во Советот на јавни обвинители и Собранието.

 

 

 

 

15.03.2018 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега