Нивото на Охридското Езеро се покачи на седум сантиметри над критичната кота

Врнежите од дожд и топењето на снегот го зголемија Охридското езеро.Нивото   денеска е на 693,82метри надморска височина односно седум сантиметри над максимално дозволената кота- објави тв Сител.

Поради високиот водостој голем дел од плажите покрај ривиерата се под вода .Од Елем најавија дека формирана е работна група која секојдневно ги следи состојбите  и врши анализи се со цел да не дојде до евентуални поплави долж крајбрежјето и течението на реката Дрим.

Градоначалникот Стојаноски истакна дека од страна на локалната превземени се одредени зафати за регулирање на коритата на реките Коселска ,Даљан и Грашница.

Со оглед на временските прилики за наредниот период кои укажуваат на обилни врнежи од дожд  од ЕЛЕМ велат дека се превземаат соодветни мерки за контрола на водостојот на езерото .

 

 

 

15.03.2018 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега