За дрво кое треба да се засади на местото на Ќосето, Град Скопје ќе потроши 5.000 евра

За дрвото кое ќе се засади на местото на кое беше споменикот на Ќосето ќе биде распишан тендер, а ќе чини околу 5.000 евра- пишува Фокус.

Од Град Скопје не прецизираат кога точно ќе биде поставено дрвото, бидејќи се уште се чека да се отвори тендерска постапка.

На постамент до дрвото ќе биде изгравиран членот 10 од универзалната декларација за човекови права на Обединети нации, кој се однесува на правото на праведно судење.

 

 

 

15.03.2018 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега