Ивановски: Бевме сведоци на едно силување на уставниот поредок, на демократијата и парламентарниот систем

Поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски во изјава за Канал 5 телевизија, а во врска со вчерашното изгласување на Законот за употребата на јазиците, вели дека сме биле сведоци на една грда слика, на едно силување на уставниот поредок, на демократијата и парламентарниот систем.

-Имавме донесување на еден закон кој ги побуди сите чувства. Како што впрочем ја видовме и самата реалност, Законот без да се отвори расправа беше изгласан. Според Уставот, член 75 е многу јасен каде стои дека откако Законот е доставен за потпис, ќе биде вратен од страна на претседателот на републиката, следува негово повторно разгледување од страна на Собранието и по расправата и гласањето, Законот претседателот на државата е должен да го потпише, вели тој.

Ивановски објаснува дека за да може Законот да стапи на сила, мора да ги запази сите формално правни елементи, уставо-правно утврдени со Уставот и со законот.

-Тоа значи да биде донесен, да биде потпишан, да биде објавен за да може да влезе во сила. Во конкретниот случај со оглед на тоа дека е закочена постапката околу неговото потпишување, а и со оглед на аргументите негови (Иванов) кои ги изнесува, со оглед на времето поминато, бидејќи има рок од 30 дена и со право повикува на овој рок, прашање е сега од кога ќе смета и дали може да се смета Законот за донесе. За жал, ние допуштивме во овој рок да сите правни институти да ја поместуваат својата суштина, во смисла на една општа недисциплина која само ја продлабочува понатаму политичката криза, вели Ивановски за Канал 

 

 

 

15.03.2018 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега