Република: Полицијата вечерва ги чува штабовите на СДСМ и домовите на пратениците

Стотина граѓани се собрале пред домот на пратеникот на СДСМ од Велес, Панче Иванов, за да протестираат поради тоа што тој гласал за законот за двојазичнот- пишува Република.

Како што информираат и синоќа неколку десетина граѓани својот револт го искажале пред домот на Иванов, но вечерва бројката била поголема.

Пред домот на Иванов е забележително и засилено присуство на полиција.

-Неговиот дом го обезбедува кордон од дваесетина полицајци – јавува извор за Република.

Мирни протести пред домовите на пратениците го искажуваат своето незадоволство и во другите градови, пишува Република.

Инаку, kордони со полиција и вечерва се поставени пред домовите на пратениците од СДСМ кои вчера гласаа за законот за двојазичност, дознава Република од терен.

 

Полициското присуство е дополнително засилено од синоќа а полицијата вечерва го обезбедува и седиштето на СДСМ во Скопје како и штабовите на партијата низ градовите.

 

 

 

15.03.2018 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега