Приведен Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички прашања на Владата

Полицијата го приведе Васе Доневски, поранешен директор на Службата за општи и заеднички прашања на Владата, дознава „Макфакс“ од извори од Управата за финансиска полиција.

Детали за неговото приведување ќе бидат соопштени утре. Попладнево директорот на Управата, Арафат Муареми, најави прес-конференција за утре за предмет што се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешен функционер.

Владата го разреши Доневски од директорската позиција во јуни минатата година.

 

 

 

15.03.2018 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега