Дескоски: Република Македонија (Скопје) има најголема шанса на референдум

Во вечерашното издание на емисијата Фактор на ТВ 24 универзитетскиот професор Тони Дескоски, говореше за динамиката во која сега се наоѓаат преговорите меѓу Македонија и Грција.

„Полека почнуваме да се соочуваме со реалноста, за големите разлики кои постојат меѓу Македонија и Грција. Во нашата јавност се појави еден неоснован бран на оптимизам, кој што беше стимулиран од Атина. Во средината на декември пристигнуваа информации дека е прифатено решението Република Нова Македонија што е основа за конечен договор и дека само треба да се средат деталите, но сепак тоа беа „балони“. Спорот за името сега се придвижува во квалитативна насока и тоа од македонска страна, полека се бруси позицијата дека треба да се најде која е целта за наоѓање компромис, за потоа да Македонија и Грција да постигнат договор и да се отстранат сите различни позиции. За жал нема никакви отстапки од грчка страна од позициите поставени од пред дваесетина години дека Македонија е вештачка нација и држава создадена од Тито за да и одземе територија на грчка Македонија“, смета Дескоски.

Според професорот кој ја застапуваше Македонија пред Судот за правда во Хаг кога Македонија ја тужеше и доби Грција за нарушување на Привремената спогодба, најприфатлив компромис е Република Македонија (Скопје).

На тој начин ќе се постигне јасна дистинкција меѓу македонската држава со географска одреденица според нејзиниот главен град и грчката северна покраина наречена Македонија за да се стави крај на тврдењата за било какви тврдења за територијални претензии кои секако се неосновани. Професорот Дескоски исто така смета дека единствено Република Македонија (Скопје) може да помине на гласање на референдум како предлог решение.

 

 

 

 

15.03.2018 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега