Драстична промена на времето: невреме, студен бран и снег

 

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од три до седум степени, а дневната температура од седум до 21 степен.

Во Скопје ќе биде облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната темепратура до 18 степени.

Во сабота во текот на денот ќе дува засилен повремено силен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Од сабота попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни.

Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање 

 

 

 

16.03.2018 - 08:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега