Хоџај: Македонија побара помош од Косово за спроведување на Законот за јазиците

На денешната Владина седница косовскиот заменик премиер Енвер Хоџај,изјавил дека Македонската Влада побарала помош од Косово за имплементација на двојазичност- пишува Газета Експрес.

Хоџај на седницата кажал дека македонската влада го упатила барањето, со оглед на доброто искуство што го има Косово во приманата на двојазичноста, односно користењето на албанскиот и српскиот јазик како два официјални јазици на Косово.

„ Владата на Македонија, по усвојувањето на Законот за јазиците, побара поддршка од Владата на Косово и помош со цел да се примени двојазичноста во институциите и на други нивоа во Македонија, со оглед на доброто искуство што го има Косово“, изјавил Хоџај.

Тој додал дека Владата на Косово може да понуди таква поддршка и дека има политичка волја да ѝ се помогне на соседна Македонија.

Пред донесувањето на законот, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи изјави дека „ќе биде голем предизвик за Албанците од Македонија што подразбира употреба на албанскиот јазик во сите централни институции, во Влада, Собрание, во министерства секаде каде што се Албанците во Македонија, и имплементацијата на овој закон ќе бара многу човечки ресурси, луѓе што знаат да го употребуваат стандардниот албански јазик, и Албанија и Косово можат многу да помогнат“.

 

 

 

16.03.2018 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега