Гостивар: МОН ги враќа директорите во училиштатата кои Таравари ги разреши

Министерството за образование и наука го спроведе решението на второстепената комисија со која се укнати именувањата на директори во неколку општински улишта во Гостивар кои ги спроведе градоначалникот Арбен Таравари. Оваа реакција на МОН следува откако пред еден месец на градоначалникот му беа надлежностите за именување и разрешување на директори на општински основни и средни училишта. 

Од МОН појаснуваат дека наскоро сменетите директори треба да се вратат на претходните работните места.

- Со спроведувањето на последното решение работите се враќаат во претходнаата состојба. Таму каде што ќе биде утврдено дека на директорите им истекол мандатот, ќе бидат назначани вршители на должноста, велат од МОН.

Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар, смета дека ова е политички мотивирана одлука, и дека корените имаа политички реваншизам.

- Ова што сега го гледаме наликува на времето кога Милошевиќ на Косово поставувал подобни Албанци на раководни функции. Министерот за образование веќе почна насилно да поставува директори кои подобни и прикладни за Заев. Сменетите директори ги политизираа училиштата и направени незаконитости и на нивни места беа поставени вршители на должност, изјави Таравари.

Гостиварскиот градоначалник непосредно по преземањето на функцијата, назначи нови раководители во седум училишта. По ова следуваа реакции во јавноста, најмногу од ДУИ. Пред речиси еден месец, МОН донесе решение за одземање на вршење на работи од надлежност на градоначалникот на општина Гостивар кои се однесуваа во делот на назначување и именување на директори во основното и средното образование.

Вршењето на овие надлежности го презема Министерството за образование и наука во траење од девет месеци. 

 

 

 

16.03.2018 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега