Јанакиески: Ќе докажеме дека Космос беше класична дивоградба

Поранешниот министер за транспорт и врски  Миле Јанакиески на денешното судско рочиште за ТНТ истакна дека судот ќе има лесна задача при носењето на одлуката бидејќи, како што рече објектот Космос бил законски срушен, пренесе Фокус.

-Од доказите во предметот ќе докажеме дека се работи за класична дивоградба. Прекршен е законот за градење, односно изградено е едно ниво помалку, но и изградбата е почната пред законскиот рок, рече Јанакиески.

За него радува фактот што од 670 списи распослани на 2.000 страни, само еден доказ е во полза на СЈО. 

 

 

 

16.03.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега