Амбасада на САД: Собранието да се фокусира на реформите

Како што помошникот државен секретар Мичел кажа во ворникот, за време на неговата посета на Скопје, Македонија прави големи чекори во процесот на градење силна демократија, велат од американската амбасада во Скопје.

-Земјата има можност да оствари напредок кон членството во ЕУ и во НАТО, што мнозинството од сите граѓани го поддржуваат. За да се оствари оваа ЕУ-НАТО иднина, важно е Собранието да оди напред со својата агенда и да се фокусира на потребните реформи; реформи кои сите партии рекоа дека ги поддржуваат- стои во соопштението .

Како што премиерот Зоран Заев кажа синоќа, обврска и одговорност на владата и на политичките лидери е да ги унапредуваат интересите на сите граѓани во земјата.

Што се однесува до Законот за употреба на јазиците, заменикот премиер Османи, на почетокот на оваа недела, потврди во Брисел дека Владата ќе го испрати Законот пред Венецијанската комисија за мислење и препораки, за да биде сигурна дека законот е во согласност со европските стандарди, се вели во реакцијата од амбасадата на САД.

 

 

 

 

16.03.2018 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега