СДСМ: Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и во интерес на сите граѓани

Фактот што токму ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците е доказ за нивното лицемерие, велат од СДСМ.

-Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години. Со неговото усвојување не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите а тоа е цивилизациска придобивка. Ја охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ да смогне сили и да ги надмине погубните политики на Никола Груевски коишто промовираат поделби, деструкција и омраза и навистина да го прифати концептот на едно општество за сите, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека тоа е во интерес на Република Македонија и на сите нејзини граѓани коишто избраа иднина и силно го поддржуваат концептот едно општество за сите.

 

 

 

16.03.2018 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега