Андонов: Со изгласувањето на Законот за јазиците се случи насилие врз државата

Високиот партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Андонов, во гостувањето во емисијата „Ѕид“ на Алфа телевизија истакна дека во овие моменти се случува насилие врз државата. Тој напомена дека ова не е процес кој започнал со изгласувањето на законот за јазиците туку многу поодамна, започнувајќи со Пржинските договори, неуспешниот изборен инжењеринг на изборите на 11 декември 2016 година се до појавата на Тиранската Платформа и нејзиното спроведување.

-Со изгласувањето на законот за двојазичност се случи насилие врз државата. Континуирано кое трае од период на 27 април, јас би го лоцирал и малку порано. Од периодот на Пржино од периодот на една коалициона Влада од периодот на втора Пржинска Влада, од периодот на неуспешниот изборен инжењеринг за изборите 2016 година. Од притисокот да по се која цена ВМРО-ДПМНЕ прифати влада со ДУИ во која токму ова прашање  кое денеска е на дневен ред ќе треба да го реши и отворено беше кажано дека ВМРО-ДПМНЕ не поддржува Тирански платформи не поддржува ваков начин на решавање, потенцираше Андонов.

Тој констатираше дека на Македонија како генерација и се случува спроведување на туѓа платформа за уривање на државата. Уривањето најлесно беше да започне со договорот со Бугарија, фалсификатот на локалните избори, носење на законот за двојазичност, а завршниот удар е промена на името на државата.

-Пред нашите очи како генерација во Македонија ни се случува спроведување на туѓа платформа за уривање на државата. И токму чекор по чекор се оди кон таа работа. Најлесно беше да се започне со договорот со Бугарија. Потоа малку стабилизација да поминат изборите за да може добро да ги фалсификуваат локалните избори. Потоа малку да не дефокусираат со Грција со името со едно со друго. Па малку шармер дипломатија. Сега носење на законот за јазиците односно за двојазичност со далекусежни последици. И потоа повторно влегување во завршниот удар, а тоа е промена на името на државата, додаде тој.

 

 

 

16.03.2018 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега