Васе Доневски доби притвор, Волфганг Гампер мерки на претпазливост

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за мерка притвор за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, а мерки на претпазливост за Волфганг Гампер, сопственик и управител на компанијата „Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје“.

Во периодот од мај до август 2015 година  со местење тендер, односно изигрување на постапката и избегнување на Советот за јавни набавки, со формирање неделива јавна набавка за пет дејности поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата и  сопственикот и управител на „Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје“, овозможиле фирмата противправно да се стекне со 660.834.855 денари, односно речиси 11 милиони евра, соопштуваат од Управата за финансиска полиција.

 

 

 

16.03.2018 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега