Видео: Снимка од апсењето на поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски

Управата  за финансиска полиција поднесе две кривични пријави за злоупотреба на службена положба и соизвршителство против поранешниот Директор на владината служба за општи и заеднички работи и сопственик на приватна компанија која се грижела за хигиената и одржувањето на објектот на Владата. Според истрагата на финансова, предизвикана е штета од над 600 милиони денари, објави Сител.

Екс директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски и  сопственикот на компанијата Секјуриком, В. Г, заработија кривични пријави од Управата за финансиска полиција. Според нејзината истрага, тие во 2015-та ја злоупотребиле службената положба а се товарат и за соизвршителство. Од финансиска велат дека првоосомничениот склучил договор со сопственикот на компанијата без согласност од Советот за јавни набавки, а договорот се водел како недделива постапка иако со него биле опфатени повеќе дејности – одржување хигиена, обезбедување, противпожарна заштита, дактилографски услуги.

Од управата за финансиска полицијата велат дека подолг период го истражувале случајот, а поднесените кривични пријави се прв чекор во истрагата.

Кривичните пријави, заедно со доказниот материјал се предадени на основното јавно обвинителство за организиран криминал, велат од финансиска. По распит пред судија на претходна постапка, Кривичниот суд ќе треба да одлучи дали против осомничените ќе изрече мерки на претпазливост.

 

 

 

16.03.2018 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега