Клековски: Начинот на кој се донесе Законот за јазиците го потроши кредитот кај поддржувачите на СДСМ

Со неколку политички грешки со донесувањето на законот за јазиците, СДСМ го потроши кредитот кај граѓаните изјави политичкиот аналитичар Сашо Клековски за Сител. Тој смета дека освен со содржината на Законот за јазиците со која се револтира десничарското гласачко тело, процедурата во која тој се донесе, лошо се одразува кај традиционалните гласачи на СДСМ  но и граѓанскиот сектор.

Според Клековски, лош е и тајмингот на носењето на законот. Тој очекува дополнителна поларизација на општество што според него, не е добра клима за политички дијалог меѓу власта и опозицијата кој е клучен во време кога се дава шанса за забрзување на евроатланската интеграција.

Клековски вели дека носењето на Законот за јазиците, многу потсетува на црниот понеделник во Собранието.

Клековски смета дека Законот за јазиците ќе влијае и на позициите на власта кај меѓународниот фактор, иако не очекува поради еден случај да се загуби целата поддршка. Според него, власта продолжила со грешките па по серијата заложби дека ќе се фокусира на реформите, прв закон  кој го донесе по оној за јазиците беше Законот за пушењето кој како што вели, воопшто не е приоритет за реформските процеси.

 

 

 

16.03.2018 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега