ДУИ го поздрави усвојувањето на Законот за јазиците

Централното Претседателство на ДУИ, едногласно го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците, кое завчера беше донесен во Собранието. Од ДУИ соопштуваат дека овој закон симболизира заклучувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор и воедно едно важно поглавје на нашата колективна активност.

Лидерот на партијата Али Ахмети на состоанокот истакнал дека ДУИ досега победила во сите изборни процеси,парламентарни, локални, претседателски и референдум и дека партијата организирала четир конгреси. Тој за главни достигнувања на партијата ги навел Охридскиот договор, територијалната поделба, законот за национални симболи, целосната официјална употреба на албанскиот јазик, признавањето на независноста на Косово, како и заедничките владини состаноци со Косово и Албанија. Ахмети на листата на успеси ги посочил и плоштадот Скендербег, одбележувањето на 100 годишнината од Азбуката, раѓањето на Мајка Тереза и Албанското знаме, но и успесите за приближување кон Европската унија, како што се кандидатскиот статус, визната либерализација и пристапните преговори.

 

 

 

16.03.2018 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега