ДУИ загрижени за случајот со малиот Алмир

Денеска во Мала Речица претседателството на ДУИ одржа состанок каде разговараше и за судскиот процес за малиот Алмир од Куманово.

– Изразуваме длабока загриженост што во самото Обвинителство имаше разлики што се однесува на одлуката за преквалификација на делото од убиство во друго кривично дело и бараме итно адресирање на нашата загриженост.

Во пресрет на најавените реформи за реформирање на судскиот систем сметаме дека ова дејствување не придонесува во овој правец несакајки да се мешаме и да преудицираме во начинот на читање на фактите.

Исто така, строго го осудуваме скандалозното и нечовечно однесување кое се виде вчера од обвинетиот – стои во соопштението од партијата.

 

 

 

16.03.2018 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега