Мицкоски: Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ имало било каков договор со ДУИ за законот за јазици

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во вести на ТВ Алфа истакна дека некои медиуми блиски до Зоран Заев и Талат Џафери лиферуваат шпекулации дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имале договорено сличен договор за закон за употреба на јазиците, кои Мицкоски категорично ги отфрли како невистини.

– Доколку постоеше и најмала искра дека постои договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ние денес ќе имавме влада, одговори Мицкоски на новинарското прашање дали е точно дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат договорено сличен закон за употреба на јазиците.

Мицкоски додаде дека во тој период бил дел од Извршниот Комитет на партијата и бил запознаен со начинот на преговорите во тој период за формирање на ново парламентарно мнозинство и влада, и тврди дека  доколку постоел таков договор тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше влада со ДУИ.

– Бидејќи тоа не се случи очигледно е дека самото тоа ја демантира оваа шпекулација не свесно и несмело и неумесно одредени медиуми блиски до Зоран Заев и Талат Џафери ја лиферуваат изминатите неколку дена а со тоа  да ја оправдаат овој недемократски, неделовнички обид за носење на еден ваков неуставен закон, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

16.03.2018 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа