Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица - ќе бараме предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе застане на нозе, се реструктуира, моментално тече процесот на реструктуирање и тргнуваме во одлучувачки поход до конечно уривање на оваа ненародна власт на следните предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на вечерашното гостување на вестите на телевизија Алфа.

Тој истакна дека Македонија нема друга опција, заслужува подобро и има надеж која што ќе ја направи европска држава на среќни граѓани.

-Тоа е алтернативата, тоа е сонот на многу граѓани, а не понижена, омаловажена и со поднаведната кичма што сега е реална ситуацијата во Република Македонија, констатираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ја користи можноста да апелира до сите луѓе истомисленици со ВМРО-ДПМНЕ и нејзините политики, но и до сите оние кои што се против политиките кои што ги спроведува СДСМ. Тој повика да застанат позади ВМРО-ДПМНЕ за да тргнат заедно кон конечниот поход – ослободување на теророт кој и се случува на Македонија и пораз на Зоран Заев на следните предвремени парламентарни избори.

 

 

 

16.03.2018 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега