Фрчковски: Цената на ароганцијата на ДУИ за Законот за јазици ќе ја плати СДСМ

ДУИ покажа ароганција и нечувствителност при инсистирањето сега и ваков каков што е, да се усвои Законот за јазиците, рече професорот Љубомир Фрчковски кој вечерва гостуваше на телевизија 21, објави Фокус.

-Постои извесна ароганција на ДУИ, која сите ги изнервира. Начинот на кој го буткаа Законот покажа една таква нечувствителност. Таквиот пакет на „земи или остави“, а соочена со такви очигледни слаби решенија во Законот, цената за тоа ќе го плати нивниот политички партнер СДСМ, кој храбро застана зад нив и го избутка сето тоа, но истовремено начинот на кои се однесуваа тие, нема политичко оправдување, рече Фрчковски.

 

 

 

16.03.2018 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега