Оваа општина во Скопје утре ќе биде без вода
Поради промена на три шибери од Ф-150 мм на булевар „Србија“ до Евро Азија во населба Кисела Вода, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Сервисна зона Југ, ул. „Христо Татарчев“ крак од бр. 1 до бр. 11 и бул. „Борис Трајковски“ од бр. 2 до бр. 8.
Како што информираат од РЦУК Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 8:30 часот до санирање на дефектот.
17.03.2018 - 10:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа