360˚ Поповски: Џафери направи грешка во чекори, сега целата одговорност е кај Иванов

Универзитетскиот професор, поранешен министер и учесник во подготовката на многу легислативни решенија, вчера гостуваше во емисијата со дебатен карактер „360 Степени“, каде го истакна своето мислење во врска со донесувањето на Законот за употреба на јазиците и одговорноста на претседателот Иванов за неово потпишување.

– Кои фалинки на чија страна се според членот 173 од Деловникот? На страната на претседателот на Собранието, недостатокот на постапката е што не го поставил прво прашањето на разгледување одново на законот во врска со забелешките на претседателот на државата, што не го поставува прашањето на прифаќање или неприфаќање на забелешките, и не го финализира со заклучок, а доколку тоа се изодеше тогаш амандманската расправа се однесува само на прифатените забелешки од претседателот, а ако ништо не се прифатеше, тогаш мораше да се гласа. Фалинката кај претседателот на државата е во таа смисла што независно како се одвивала оваа ситуација, штом Собранието со апсолутно мнозинство на гласови, дискутирало или не дискутирало за законот или слично, го изгласува по втор пат, претседателот на републиката е должен, уставно, да го потпише и не може да води политика – рече Поповски.

Поповски смета дека претседателот на Собранието, Талат Џафери направил грешка во чекори кога ги повикал пратениците да поднесуваат амандмани, бидејќи претходно требало да се разгледаат забелешките на претстедателот Иванов.

– Но, повторното изгласување на законот значи и де факто и де јуре неприфаќање на забелешките од претседателот и тој мора да се помири со таа процедура и да го потпише законот, бидејќи во спротивно го крши Уставот – рече Поповски. 

 

 

 

17.03.2018 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа