Циклон над Македонија - УХМР со вонредна временска прогноза

За вас кои очекувавте подобрување на времето и зголемување на температурите, од УХМР стигна соопштение кое ќе ве разочара.

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува УХМР за утре. Во раните утрински часови во западниот дел од земјата нестабилното и променливо време ќе биде поизразено, а околу пладне во источните делови е можно да наврнат над 15 литри на метар квадратен. 

Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје во раните утрински часови се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, а попладне облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Посвежо време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни ќе има и во текот на наредната недела, освен во вторник кога ќе биде претежно суво. На планините ќе врне снег. Во четврток се очекува значително заладување, па врнежите речиси насекаде ќе бидат од снег. 

 

 

 

17.03.2018 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега