СДСМ: Со измените на законот обезбедена е егзистенцијата на околу 5.000 стечајци

Усвоените измени на Законот за стечајци го прошируваат опфатот на лица кои ќе добиваат месечен надоместок со што се решава долгогодишниот проблем на околу 5.000 стечајци. Покрај веќе обезбедената егзистенција за околу 3.000 стечајци со измените се овозможува материјално да бидат обезбедени дополнителни 2.000 лица кои ќе добиваат месечен материјален надоместок во износ од 7.596 денари, соопшти СДСМ.

Според партијата, дополнително, со измените се олеснуваат потребните услови за стекнување на правото на материјално обезбедување, доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со доминантна сопственост на државата се приватизирало. Истовремено, се обезбедува и поголема флексибилност преку условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице, однсоно најмалку 52 години за жени и 55 години за маж.

„Лицата кои бараат материјален надоместок условот за возраста треба да го исполнуваат во моментот на поднесувањето на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување, а не од моментот на стапување на сила на постојниот закон, како што беше досега. Со оваа мерка Владата предводена од СДСМ го решава проблемот со статусот на стечајните работници и ја исправа долгогодишната неправда кон овие граѓани, кои не по своја вина останале без работа и долго време беа без никакви приходи“, се додава во соопштението.

 

 

 

17.03.2018 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега