Грчките медиуми споменуваат две имиња кои може да доведат до решение

Грчките медиуми пишуваат дека грчката Влада веќе има свои предлози за името, за кои Никос Коѕијас е подготвен да дискутира при посетата на Скопје на 22. март, објави Фактор.

Горна Македонија и Нова Македонија се имињата кои се во игра, од петте предлози на Атина, пишуват грчките медиуми повкувајќи се на американски извори цитирани од Хелас Џурнал. Како што пишуваат медиумите Горна Македонија е најприфатливо за грчката Влада.

Грчкото МНР не ги коментира ваквите информации.

За промената на Уставот, медиумите во Грција пишуваат дека премиерот, Зоран Заев го нема потребното мнозинство, но и дека Законот за јазици влијае на преговорите за името.

 

 

 

18.03.2018 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега